Две јаболки дневно ги штитат жените од кардиоваскуларни болести.
Јаболките се драгоцено овошје во зачувувањето на здравјето.
Ова овошје значително го намалува нивото на маснотии во крвта, што е посебно забележливо кај жените кои ја поминале менопаузата, кои спаѓаат во ризичната група за добивање на инфаркт и мозочен удар.
Редовното конзумирање на јаболки во текот на шест месеци дава одлични резултати во зачувување на кардиоваскуларното здравје, после овој период нивото на холестерол се намалува за 25 посто, и тоа особено лошиот холоестерол кој е одговорен за создавање на грутки во крвта и запушувањето на артериите.