Истражувањата за тоа која е најдобрата храна за здрава кожа се донекаде лимитирани. Сепак, храната која е богата со антиоксиданси има заштитна улога за кожата. Следнива храна сметајте ја за пријател на вашата кожа:
* Моркови, кајсии и друго овошје и зеленчук со жолта или портокалова боја
* Бобинки
* Спањаќ и сите зеленчуци кои имаат зелен лист
* Домати
* Грав
* Риба, особено лосос
* Семкасто овошје – лешници, ореви, бадеми, ф’стаци
Од друга страна пак некои јадења се асоцирани со оштетување на кожата. На пример некои истражувања сугерираат дека исхрана богата со масти и јаглехидрати го забрзува стареењето на кожата.
Запомнете, голем дел од храната која е здрава за кожата е здрава и за организмот во целина. Затоа наместо да се фокусирате на тоа која е надобра храна за вашата кожа, концентријате се генерално на здрава исхрана. Пијте многу вода, јадете што повеќе овошје и зеленчук. Заменете го црвеното месо со риба. Одберете храна која е сиромашна со масти, внесете и семкасто овошје и грав како дел од вашата редовна исхрана. Лимитирајте ги слатките.