Храна која треба да ја избегуваат дијабетичарите

Јаглехидратите предизвикуваат покачување на нивото на шеќер во крвта. Храната која има помало ниво на јаглехидрати е побогата со протеини. Ако немате дијабетес, организмот треба да ви биде способен за брза реакција при внесување на поголема количина на шеќер и да се врати во нормала.

Ако имате дијабетес и не ви се излачува доволна количина на инсулин, храната богата со јеглехидрати ќе предизвика влошување на состојбата на крвта и може да предизвика високо ниво на глукоза во крвта, нервни, бубрежни и срцеви оштетувања.

Бела храна

Белата храна може да го покачи нивото на шеќер. Во овој тип на храна спаѓаат тестенините, белиот леб, белиот ориз, белото брашно итн. Ваквата храна лесно се дигерира и се апсорбира на ист начин како шеќерот. Токму затоа кога јадеме ваква храна, шеќерот може нагло да се зголеми и потоа веднаш да опадне.

Ова ќе Ве доведе до ситуација на зголемено количество на енергија и нејзино инстантно опаѓање, поради тоа што оваа храна не го снабдува организмот со нутритиентите кои се потребни за да се одржи нивото на енергија. За да се избегнат ваквите нагли промени на нивото на шеќер во крвта, белата храна треба да се замени со нејзината алтернатива како: кафеавиот ориз, пченкарно брашно, пченкарни тестенини итн.

Шеќер

Храната која содржи значајна количина на шеќер ќе предизвика покачување на нивото на шеќер во крвта што ќе резултира повторно со нагла промена. Во оваа храна спаѓаат: слатките, десертите, газираните пијалоци итн. Други имиња за овие продукти се: кафеав шеќер, шеќер од репа, сиров шеќер, јаворов сируп, сируп од пченка со високо ниво на фруктоза. 

За дијабетичарите, оваа храна може да се изеде набрзина за да помогне во покачувањето на нивото на шеќер во крвта ако претходно тој многу опаднал. Слатките се добри за дијабетичарите да ги носат со себе и да ги изедат ако нивото на шеќер во крвта падне под 3,5 ммол/Л. Исто така, газираните пијалоци брзо се апсорбираат во организмот и го покачуваат опаднатото ниво на шеќер во крвта. Важно е да не се јаде премногу храна со шеќер за да не дојде до преголемо зголемување на нивото на шеќерот во крвта.

Овошје

Овошјата содржат шеќери кои лесно се апсорбираат и можат да предизвикаат покачено ниво на шеќер во крвта. Разликата кај овошјето е што нивото на шеќерот е многу помало отколку кај слатките и исто така овошјето во себе содржи и растителни влакна. Овие растителни влакна всушност му помагаат на организмот да го контролира нивото на шеќер во крвта. Растителните влакна не можат да се разградат до шеќер како што е случајот со јаглехидратите.

Токму затоа, овошјето помага во одржување на енергијата и е одлична алтернатива за слатките за луѓето со дијабетес кои имаат послаби опаѓања на нивото на шеќер во крвта.