Гоџи бобинките претставуваат една од најмоќните билки во светот:Потекнува и расте на Хималаите .Гоџи бобинките уште ги нарекуваат и “ црвени дијаманти ”. и важат за “ супер храна ”бидејќи изобилуваат со високо ниво на фитонутриенти.
Фитонутриентите претставуваат антиоксиданси кои ја имаат клучната улога во борба против слободните радикали.Гоџи бобинките на ORAC скалата (скала за мерење на антиоксидантните својства на храната) се на самиот врв.Освен фитонутриенти, во својот состав гоџи бобинките содржат и аминокиселини,есенцијални масни киселини,витамин Ц,витамините од Б комплексот, минерали како калиум, железо, натриум, калциум, селен,цинк…
Гоџи бобинките исто така содржат и солаветивон (силна антибактериска супстанца), циперон, физалин (активна супстанца која штити од хепатит Б и леукемија),бета-ситостерол, бетаин (со чија помош црниот дроб произведува колин кој го штити од замастување,спречува инфаркт, смирува нервоза). Во гоџи бобинките е содржан и комплетен спектар на каротеноиди(бета каротин и зеаксантин,ликопен,лутеин,криптоксантин) кои претставуваат одлични антиоксиданси пред се за здравјето на очите.
Здравствениот бенефит од конзумирање на гоџи бобинките е огромен.Тие го јакнат имунитетот,поради големото присуство на антиоксиданси превенираат појава на рак,леукемија и други опасни болести,превенираат појава на кардиоваскуларни заболувања,енергизираат,имаат силно антибактериско и антивоспалително дејство,го штитат видот,помагаат при зголемена простата,ја зголемуваат плодноста кај жените,го успоруваат процесот на стареење на организмот.
Нутритивна вредност во 100 грама сушени гоџи бобинки:
- енергетска вредност 346 КЈ
- јаглехидрати 22 гр
- протеини 11 гр.
- масти 3.6 гр.
- диетални влакна 7.4 гр.
Витамин Ц 18.4 гр,витамин Б1 0.16 мг,витамин Б2 1.3 мг,бета каротин 7.45мг,зеаксантин 82,5 до 200 мг,калиум 1.130 мг,селен 50 мцг,натриум 22 мг,железо 8.42 мг,цинк 2 мг,калциум 112 мг
Препорачана дневна доза за конзумирање на гоџи бобинки е 10-30 грама.