Фактори што придонесуваат за болки во зглобовите

Многумина од нас се свесни дека, како што старееме, сѐ повеќ и повеќе болки ќе се појавуваат во најразлични делови од телото. Голем дел од луѓето се соочуваат со болки во зглобовите, во колената особено, да тоа е честа појава, но доколку не се преземе нешто и не се побара некаква помош и решение болките може само да се зголемат и да ја влошат ситуацијата, а тие болки се неиздржливи. Сите ние сакаме да се чувствуваме одлично и покрај возраста, но тоа понекогаш останува доста тешка задача за мускулите и зглобовите. Затоа треба да се грижиме за нашите зглобови без разлика на возрасти, во сите фази од животот за да можеме да бидеме силни, издржливи, во текот на сите возрасти.

Фактори кои можат да придонесат за болки во колената
Факт е дека стареењето е фактор број 1 за болки во зглобовите и тоа е најопасниот резултат, но тоа не е единствената причина и дефинитивно постои нешто што може да се направи за да се намалат овие болки. Мислата дека против стареење нема што да се направи, ги тера луѓето да ја издржат својата болка, наместо да бараат совет од лекар или да најдат некоја друга опција. Болката во зглобовите може да биде знак на многу поголем проблем, а продолжувањето на недијагностицирањето може да доведе до повеќе медицински проблеми во иднина.

Остеоартритис
Остеоартритис е најчестата форма на артритис и се јавува кога заштитната ‘рскавица на крајот од коските се намалува и се троши, се оштетува. Тоа може да се случи на  кој било дел од телото, но најчесто влијае на зглобовите во рацете, колената, колковите и ‘рбетот. Симптомите на остеоартритис не можат да се променат, но можат да се управуваат и да се намалт болките. Ако имате болка во колената, важно е да се консултирате со лекар за да се заклучи дали е предизвикана од остеоартритис, што е генерално поврзано со стареењето.

Повреди
Кога дел од телото е повреден, особено околу зглобовите, можно е симптомите на болка да продолжат и по почетниот период на лекување. Пост-трауматски артритис е честа форма на остеоартритис што се јавува од повреди на зглобовите и влијае на околу 5,6 милиони луѓе во САД и ширум светот.

Дефицит на витамин Д
Витаминот Д е суштинска хранлива состојка за силни коски. Тоа помага да се одржува нивото на калциум во крвта и се регулира калциумот и фосфорот, кој ги задржува коските и забите. Дефицитот во витаминот Д предизвикува кршливи коски и слаби мускули. Други симптоми вклучуваат фрактури на колкот и карлицата, болка во коските и нежност, расипување на забите, па дури и губење на слухот. Осигурајте се дека го земате потребното дневно количество на витамин Д.