Еткинсонова диета

Позната и како диета без јаглехидрати, протеинска диета и Еткинсонова диета

Пред се, да разјасниме една дилема од каде толкав број на имиња за една диета. Одговорот е едноставен : оваа диета се состои од внесување на производи кои содржат голема количина на протеини, со едвај забележлив процент на јаглехидрати (од таму и името протеинска и диета без јаглехидрати). Што се однесува на Аткинс, Аткинсон и Еткинсон, сите овие зборови се произлегуваат од презимето на пронаоѓачот на оваа диета (Доктор Роберт Аткинс). Во секој случај, името на оваа диета е : Еткинсонова диета. Било како и да е, во прашање е една иста диета со повеќе имиња која е наменета за лица кои треба да ослабат повеќе килограми.

Диетата се состои од три фази. Исто така, постои и четврта фаза која е всушност, одржување на веќе постигнатото. Во првата фаза се ограничува внесувањето на јаглехидрати на само 20 гр. дневно. Оваа фаза трае две недели. Во втората фаза доаѓа до мало воведување на јаглехидрати, особено со зеленчук, а во третата фаза се формира оптимална количина на јаглехидрати кои лицето би можело да ги внесува подолг период, а при тоа да нема проблеми со тежината.

На лицата кои ја имале оваа диета им се советува и по достигнување на посакуваната тежина да продолжат со ограничената количина на јаглехидрати и тоа во четвртата фаза.

Теорија…

Кога се елиминираат јаглехидратите од дневните оброци, црниот дроб ги претвора масните наслаги во гликоза, а додатните производи од таа синтеза се токсични кетони. Кетоните го поттиснуваат апетитот, со што помалку се јаде, па затоа се губи телесна маса. Бидејќи во диетата не е вкалкулиран внесот на витамини и минерали, авторот на диетата препорачал внесување на витамински пилули кои ќе го надоместат очигледниот дефицит на витамини и минерали.

Во оваа диета внесот на протеини не е ограничен. Без ограничувања може да се јаде месо, риба и јајца. Сирење, зеленчук, маслинки, масло и масти се јадат во ограничени количини, а алкохолни пијалаци, шеќер, овошје, млеко, јогурт, житарки, производи од брашно и слатки се целосно забранети.

…и пракса

[rpi]

ПРВА ФАЗА

Цел на првата фаза на диетата е промена на метаболизмот. Внесот на јаглехидрати се ограничува на 20 гр. на ден. Како тоа практично изгледа? Па, да кажеме, за појадок можете да изедете омлет од две јајца со шунка или сланина, за ручек парче месо на скара, а за вечера варена риба. Првата фаза трае 14 дена.

ВТОРА ФАЗА

Подразбира губење на телесна маса со трошење на масните залихи. Дневниот внес на јаглехидрати е ограничен на 15-40 грама. Значи, месо, зеленчук (со ниска содржина на јаглехидрати) и тоа е тоа…

ТРЕТА ФАЗА

Јаглехидрати се воведуваат постепено, но ограничени се на максимални 60 грама, со што ограничувањето се пренесува и на четвртата фаза, ограничување на постоечкото намалување на тежината.

Критички осврт

Поради намалениот внес на јаглехидрати (д-р Еткинс на сите им препорачува ограничен внес на максимални 60 гр. на ден) оваа диета предизвика бројни контроверзи. Некои истражувања покажаа дека долготрајното спроведување на диетата би можело да влијае на психичкото здравје и да предизвика мрзливост, замор и безволност. Особено видливи се симптомите кај жени чии промени на расположение биле поинтензивни. Исто така, ризични се и зголемената содржина на триглицериди во крвта, како и зголемени заситени масни киселини. Покрај тоа, првата (воведна) фаза од Еткинсоновата диета може да предизвика проблеми кај лица кои инаку консумираат поголеми количини на јаглехидрати или кај лица кои страдаат од хипогликемија, бидејќи нивното тело не може толку бргу да ја произведе гликозата за да се задоволат потребите на мозокот и мускулите, што резултира со ненадеен замор или несвестица.

Варијации на зададена тема

Интернетот не би бил интернет ког ане би ни ја дал и „пооригиналната“ варијанта од самиот оригинал. Имено, подолу можете да ја прочитате „Еткинсоновата диета“ која кружи на интернет, а во која поединците се колнат дека повеќе им помогнала од „оригиналната“ диета. Било како и да е, дали ќе ја земете долната диета како анегдота или сериозно, барем вреди да бидете информирани :

Еткинсонова диета – Интернет верзија

Оваа диета се состои во тоа да се исфрли внесување на јаглехидрати во организмот за да му се помогне на телото да се исчисти од наслаги на сало. Со оваа диета нема да бидете гладни, не морате да јадете само три пати на ден, не треба да ја мерите храната и посебно да подготвувате оброци, не морате да пиете чаеви и таблети против зголемен апетит, не мора да трчате или да одите на акупунктура.

Како дејствува?

Со целосно исклучување на внес на јаглехидрати, нашите наслаги на сало почнуваат да се топат. Во првите шест дена губите 5 кг., а а секој следен ден по 1 кг. За 24 дена можете да ослабете и до 20 кг.

НО ВНИМАТЕЛНО! Ако само еден ден само еднаш изедете парче леб или било каква ситница која содржи јаглехидрати, организмот ќе го блокира топењето на масни наслаги. НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ ХРАНА КОЈА СОДРЖИ ЈАГЛЕХИДРАТИ.

Оваа диета може да ја држите онолку дена колку што сакате да ослабете. Кога ќе ја постигнете посакуваната тежина, нема да добивате на килажа извесно време, дури и една-две години.

Внимание : Оваа диета не е за секого! Поради изобилство на протеини, лицата со здравствени проблеми, би требало да се консултираат со доктор пред да почнат со диетата.

Ограничено

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ – млеко, путер, кисело млеко и павлака, јогурт.

За да се надомести недостатокот од витамини кои ќе настанат поради горе наведената храна, земајте витамини  и тоа : Ц, Е, А, Б, калциум и магнезиум.

Храна која можете да ја јадете

Сите видови на месо

Јунешко, пилешко, телешко, свинско, јагнешко, гускино, паткино, мисиркино месо, дивеч на сите начини освен варено на пареа, варено, печено, на скара, можете да јадете и џимиринки, но без леб, сушено месо, колбаси освен виршли, сите видови на нарезоци.

Сите видови на риба

Морски риби, слатководни риби, сите видови на рибини конзерви.

Сите видови на салати

Свежа салата, свежи или печени пиперки, домати, краставици, свежо или кисело зелје, салата од морски плодови, салата од кромид, свеж спанаќ. Сите салати да се зачинат со масло, оцет, сол, бибер…и ајвар по желба.

Јајца

Можете да јадете јајца на сите начини.

Зеленчук

Карфиол, блитва, спанаќ, праз, кељ, кромид, зелје, артичока, домат, морков, магдонос, целер, ротквица, печурка.

Млеко и млечни производи

Под услов количината на јаглехидрати во вкупниот збир да не биде поголема од 15 гр. на ден.

Може да пиете

Минерална вода, лимон, црно кафе, сите видови на чај без шеќер, половина литар бело вино или еден литар шприцер, но по шестиот ден од диетата. Наместо шеќерот користете вештачки засладувачи од типот на натрен и слично.