Слободно може да се каже дека зелениот чај е еден од оние продукти кои не треба да ги прескокнувате. Не само што е чудотворен извор на здравје, туку е и идеален сојузник во борбата со килограмите.
Зелениот чај се користи како лек илјадници години, со потекло од Кина, но широко е распространет и во Азија. Овој пијалок има мноштво употреби од намалување на крвниот притисок до спречување на рак. Причината зошто зелениот чај има повеќе здравствени придобивки во однос на другите е поради тоа што зелениот чај го избегнува процесот на ферментација. Сепак овој чај е најпопуларен во однос на слабеење. Да, овој чај помага во регулација на метаболизмот, но една шоља не прави чуда…Екстрактот од зелен чај е задолжен за тоа.
Предноста на екстрактот во однос на чај во вреќичка
На овој начин земаме повеќекратно поголема доза на активни материи отколку кога пиеме чај, а докажано е дека телото подобро ги апсорбира катехините од екстрактот на зелен чај. Полифенолот што се наоѓа во екстрактот од зелениот чај ги интензивира нивоата на оксидација на маснотиите и брзината со која телото ја претвора храната во калории.
Екстрактот од зелен чај помага и при намалување на лошиот холестерол во крвта, со што се намалуваат мастите и се губат килограми и масни наслаги. Зборот „зелен“ не се однесува на бојата, туку на „необработеноста“, така што сите активни материи се сочувани.