Четири симптоми кои предупредуваат дека телото ви е преполно со отрови

Во човечкиот организам секојдневно се таложат токсини. Ги внесуваме со исхрана, дури и преку воздухот, а ги има толку бидејќи поради неправилната исхрана и недоволните физички активности сами не можат да се исфрлат.

За да дознаете во каква состојба е вашиот организам, доволно е само да го слушнете своето тело и да обрнете внимание на знаците кои секојдневно ви ги испраќа, а кои воопшто не ги забележувате  и не ги сметате како предупредување.

Ова се четирите најчести аларми дека вашето тело е преполно со токсини од кои морате под итно да се ослободите.

1.Физиолошки потреби

Што почесто одите во тоалет, има повеќе токсини во вашето тело! Сепак, ова не треба да ве уплаши, бидејќи на тој начин се исфрлаат. Во спротивно се враќаат во крвотокот и можат да направат големи проблеми, затоа оние кои имаат проблеми со запек треба да пијат што повеќе вода, чаеви и по некој пробиотик, за да ги празнат цревата барем еднаш дневно.

[rpi]

2.Лош здив

Лошиот здив не е само нешто што може да ви го расипе состанокот со потенцијалниот партнер, туку исто така може да биде показател колку токсини има во вашиот организам. Лошиот здив од устата може да настане поради бактерии, но може и да биде знак дека вашиот црн дроб и црева имаат проблем со исфрлање на отровите. Користите чистач за јазик за да ги елиминирате бактериите кои го прекриваат јазикот, а земајте и свежо зачинско масло како магдонос и коријандер, кои се фантастични детоксикатори на црниот дроб.

3.Ви пречат мириси

Ако имате силни реакции на мириси како што се парфем или чад, можеби тоа ви го предизвикуваат токсините во вашето тело. Многу пати стануваме премногу чувствителни на мириси доколку црниот дроб има проблем со елиминирање на разни токсини од телото. Кога се затворени патиштата на детоксикација, телото тоа го чувствува, па затоа сетилата стануваат изострени и можат да предизвикаат реакција како главоболка и мачнина. Помогнете му на црниот дроб со зачинско масло како млечен трн и корен од глуварче, кои можете да ги консумирате во вид на чај. Можете да ја пробате и популарната пракса на детоксикација со рициново масло.

4.Упорен вишок на килограми

Постојат многу причини за отпор при губење на тежината. „Полудени“ хормони, неправилна исхрана и секако токсини. Токсините како диоксинот, ПЦБ, и многу сулипофилни пестициди пто значи дека во нашите тела се спојуваат со масните клетки. Кога телото е преоптеретено со нив, можеби и ќе биде невозможно да се симне додатната тежина.

Клучно е секако да се погрижиме телото да ги исфрла токсините на правилен начин. Тоа значи да се подобри природната способност на телото тоа да го направи и да се пронајде рамнотежа. Може да помогне некаков начин на чистење или детоксикација, но намалување на изложеноста на токсини е многу важно.

Изберете чиста, органска храна кога и да треба и погрижете се добро да се испотите, да одите по голема нужда, да го хидрирате организмот и квалитетно да дишете секој ден.