Старите кралици, принцези и фараони, незнаеле за козметика на хемиска основа, а имале совршено негувана кожа на лицето и рацете благодарејќи на природните маски кои секогаш ги употребувале. Еве некои од маските за кое многумина велат дека се здрави и ефективни.
Маска од киви против брчки
Кивито е многу богато со витамин Ц, побогато дури и од лимонот. Од него можете да направите ефикасна маска против брчки, но не ја практикувајте доколку сте помлада од 25 години и не повеќе од еднаш неделно. Излупете го кивито, измелете го во вид на пире и исцедете го вишокот на сок. Додајте лажичка мед, а потоа нанесете ја маската на лицето. Држете ја 30-сетина минути.
Ревитализирачка маска од манго и папаја
Помешајте половина измелено манго и половина папаја со неколку лажички ладна вода. Смесата измешајте ја и ставете ја на лицето. Држете 20 – 30 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Оваа маска се користи за нормална кожа бидејки мангото и папајата имаат многу витамини и агенси кои и се повеќе од потребни на кожата. Освен за нормална, користете ја и за сува кожа, а доколку имате мрсна кожа додадете во неа и една голема лажица лимонов сок.
Маска од банана за сува кожа
Добро изматете една банана и три лажици сок од грејпфрут. На смесата додадете две лажици мед и две лажици јогурт. Маската ставете ја на лицето. Ќе добиете извонредна хидратација на кожата. Но внимавајте, маската не е добро да се користи повеќе од три пати неделно за да не и наштетите на кожата на лицето.
Облога за уморни очи
Многу едноставна, сварете зелен чај и камилица заедно. Потоа почекајте истите да се оладат и нанесете ги на стерилна газа. Ставете ги врз очните капаци и оставете 20-тина минути.