Прочитајте за благодетите од само една банана!

Бананата е омиленото овошје на многу луѓе ширум светот. Освен што е многу вкусна, таа е и навистина здрава за организмот. Витамините и хранливите состојки што ги содржи го чуваат нашето здравје и организам. Дали знаете дека одредена зрелост на бананите одговара за одредена медицинска состојба? Во текот на денот, секој има време и простор да изеде барем една банана, па затоа прочитајте зошто бананите се толку корисни.

1. Борци против разни видови онколошки заболувања
Бананите содржат посебен протеин, познат како тумор некрози фактор, кој штити од онколошки заболувања. Оние банани со дамки и потемната лушпа, што сите ги избегнуваме???…Е тие се зрели банани и токму тие содржат поголема количина на овој протеин, така што почнете да ги сакате!

2. Ги намалуваат грчевите
Грчеви во мускулите и глуждовите? Дефинитивно имате недостаток на минерали.  Ако јадете производи богати со калиум и магнезиум како што се бананите, можете да ги намалите мускулните грчеви. Токму затоа бананите се неминовен дел од исхраната на многу спортисти.

3. Заштитуваат од бубрежни заболувања

Храната што содржи доволно калиум ја спречува појавата на камења во бубрегот. Според едно истражување, ако редовно јадете банани, ќе го намалите ризикот од заболувања на бубрезите за 40%.

4. Го одржуваат здравјето на срцето
Исхраната богата со калиум особено се препорачува на луѓето кои имаат висок крвен притисок и се изложени на ризик од срцеви заболувања. Доколку консумирате по 1,3 грама калиум секој ден, ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања за 26%. За да внесете толкава количина од овој елемент во вашето тело, треба да јадете по 2 до 3 банани дневно, во зависност од нивната тежина.

5. Извор на енергија
Бананите содржат многу витамини и минерали поради што се одличен извор на енергија. Простите јаглехидрати лесно се обработуваат во желудникот и можат да ја обноват вашата енергија за најкраток можен период.