Амарант, лековита житарка

Амарантот e древна житарица широко распространета на територијата на Америка и Азија.Оваа хранлива житарка се одгледува повеќе од 8000 години и била значаен дел од обредите на американските домородци.Нејзиното име означува бесмртен.

По изглед слична е на просото и е житарка која се наоѓа на врвот на пирамидата за исхрана , бидејќи е супериорна по своите хранливи вредности во споредба со сите другите житарки.

Амарантот претставува одличен извор на протеини ( содржи повеќе протеиниотколку повеќето други житарици ), исто така содржи двојно повеќе лесно искористлив калциум од млекото,трипати повеќе растителни влакна од пченицата. Покрај тоа, таа претставува одличен извор на железо, магнезиум, манган,калиум ,витамини како А, Б2, Б6,фолна киселина (Б9) витамин Е,Ц и К. Амарантот не содржи глутен.

Здравствените придобивки со користење на амарантот во исхраната се големи. Поради нејзиниот состав, амарантот може да помогне во регулирање на холестеролот и крвниот притисок,го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања,помага кај анемија и подхранетост,ги јакне коските,го подмладува организмот,го јакне имунитетот но исто така го намалува и ризикот од развивање на одредени видови на рак.

Нивото на железо што го содржи помага при зајакнување на крвната слика, а исклучителното нивоа на калциум, фосфор и другите минерали е одличен за подобрување на растот на коските кај децата и за оние кои сакаат да внесуваат калциумот на сосема природен начин.Амарантот е одлична житарка за трудници поради тоа што содржи значитело количество на фолна киселина со што се штити здравјето на фетусот.

Нутритивна вредност во 100 грама амарант:

  • енергетска вредност 374 Kcal
  • јаглехидрати 65 гр
  • протеини 14.45 гр
  • масти 6.5 гр
  • диетални влакна 15.2 гр
  • витамин Б1 0.1 мг,витамин Б2 0.21гр,фолна киселина( витамин Б9) 82мцг,железо 7,59 мг,калиум 366 мг,калциум 153 мг,фосфор 455 мг,магнезиум 266 мг,цинк 3.18 мг