Ви претставуваме неколку алтернативни лекови кои без проблем можете да си ги користите на своја рака без да водите грижа за несаканите појави, бидејќи лековите се природни, а вие успешно со нив можете да лекувате многу состојби.
Одличен начин за правилна хидратација на кожата. Кокосовото масло е составен дел на многу рецепти против сува кожа, а неговото дејство е докажано и со научни студии. Кокосовото масло содржи материи кои лесно се впиваат и делуваат одлично на површинскиот клеточен слој на кожата односно на епителот. Несакани појави секако дека нема.
Дали имате проблеми со конјуктивитис? – пробајте со сиров компир
Компирот освен што служи за јадење има и лековити особини. Тој успешно ја смирува инфекцијата на очите. Како да го користите? Темелно измијте го компирот, олупете го, повторно измијте го, завиткајте го со газа и ставете го на окото. Нека стои повеќе часови, најдобро во текот на ноќта. Доколку инфекцијата не стивнува, задолжително посетете лекар.
Дали имате проблеми со болки во мускулите? – јаболков оцет и вода е ефикасно решение
Јаболковиот оцет е одлично решение, но не да го пиете, туку да го нанесувате на болните места. Како? Помешајте јаболков оцет со вода во еднакви количини, нанесете на завој, потрудете се да не се цеди, односно насете само додека завојот не се навлажни и поставете го на местото каде што чувствувате болка. Според многумина, ова е ефикасна метода за отстранување на болките во мускулите.
Дали имате проблеми со стомакот, гастритис? – сода бикарбона – традиција и лек
Традиционално, содата се практикува против гастритис уште од многу одамна. Како да ја користите? Многу едноставно, половина кафена лажица во чашка вода. Олеснувањето ќе го почувствувате за миг. Доколку не престанува или се повторува непријатното чувство, посетете лекар.
Геловите од алое вера се ефикасно решение против изгорениците, секако од помал степен. Најдобро е да ја имате свежа, па по потреба да ја цедите течноста и да ја нанесувате на изгореницата. Внимавајте, алое верата не е за перорална употреба!