Лекарите во Бразил имаат развиено тест за мерење на флексибилност. За него, нема да ви треба било која опрема – вие само треба да седнете и да застанете, без тешкотии и држење за нешто. Во овој тест, може да освоите максимум 10 поени и врз основа на тоа може приближно да се утврди уште колку ќе живеете.
Едноставната вежба со седнување и станување без држење може да ви открие уште колку ќе живеете, тврдат група на лекари од Бразил кои на овој начин ја мереле флексибилноста и силата на своите пациенти.
Оние кои се на овој тест освоиле три поени или помалку имале пет пати повеќе шанси да умрат во текот на наредните шест години од оние кои имале освоено осум поени.
Клаудио Жил Арауjo од Универзитетот „Гама Фиљо“ во Рио де Жанеиро е еден од докторите кои го развија овој тест. Тестот беше првично развиен за брзо утврдување на флексибилноста на спортисти, а сега се користи за да се убедат пациентите дека треба да се обидат да бидат активни со цел да ја задржат мускулната сила и да имаат добра рамнотежа, а со тоа и да живеат подолго.
Како што старееме, нашите мускули стануваат се послаби и послаби. Така лекарите со користење на овој тест се обидуваат да ги убедат постарите луѓе да вежбаат и да се движат.
За да го направите сами дома овој тест, нема да ви треба било која опрема.
Во една бразилска студија, во која беа вклучени луѓе на возраст од 51-80 години, каде беше правена оваа вежба, се покажа дека оние кои имале осум поени помалку од два пати, имале повеќе шанси да умрат во следните шест години, во споредба со оние кои имале максимални 10 поени.
Оваа вежба започнува со 10 поени, а по еден поен се одзема секој пат кога некој човек се потпира на рацете или колената додека седи или станува, додека половина поен се одзема за губење на рамнотежа.
Оние кои освоиле три поени или помалку имале пет пати повеќе шанси да умрат во рок од шест години, во споредба со оние кои имале осум поени.
ТЕСТИРАЈТЕ СЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не се обидувајте да го направите тестот, ако имате артритис или друга состојба на која може да и наштетите.
1) Носете удобни алишта, соблечете ги чевлите и застанете онаму каде што ќе имате доволно простор околу себе.
2) Движете се надолу и седнете на подот вкрстувајќи ги нозете во турско седење.
3) Станете не користејќи ги рацете и нозете за да се издигнете или да се потпрете.
4) Направете го тестот со некој кој ќе ги следи вашите движења или пред огледало, со цел ништо да не се пропушти.
5) Максималниот број на поени во овој тест изнесува 10 .
6) Одземете еден поен секој пат кога ќе ги користите вашите раце и нозе да си помогнете, или се потпирате во текот на седнувањето или станувањето.
7) Одземете половина поен секој пат кога ќе ја изгубите својата рамнотежа, кога ќе паднете или ќе се занишате.
Погледнете го видеото со цел правилно да го направите тестот