Тесто за пита
- 250 гр брашно за колачи
- 200 гр путер
- 3 гр сол
- 55 мл ладна вода
Тестото се прави на тој начин што најпрво во голем сад се меша брашното, солта и путерот. Потоа сето тоа оставете го да се олади во фрижидер, а потоа се додава водата, се меша и се прави посакуваната форма во која сакаме да ни биде питата.
Фил
- 600 гр пире од тиква
- 2 јајца
- 1 лажица шлаг
- 200 гр шеќер
- 2 лажици пченкарно брашно
- 1 лажичка сол
- 1и пол лажичка цимет
- 1и пол лажичка ѓумбир
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ¼ лажичка морско оревче
- 3 шољи кондензирано млеко
Изматете ги сите состојки за филот и сипете го филот врз тестото. ставете ја питата да се пече на 250°C околу 15 минути, а за тоа време од остатоците од тестото можете да направите украсни форми и да ги наредите врз филот. потоа намалете ја температурата на 200°C и печете ја питата уште половина час, или додека филот не се стврдне.
Александра Малова