Веќе илјадници години, растителниот корен на мака (исто така познат како мача, мач ) се користи поради нејзините исклучителни лековити и хранливи својства.
Поради сите благодети што му ги дава на човекот, класифицирана е во категоријата супер-храна.
Maкa (Lepidium meyenii) е растение со потекло од Андите, на територија на денешна Боливија и Перу, и расте на надморска височина помеѓу 2400 и 4400 метри.
Според легендата, Инките им давале на своите воини прав од корен од мака , со цел да се зголеми нивната сила и издржливост.
Меѓутоа, кога ќе завршела битката, повеќе не им давале мака, поради нејзините својства за зголемување либидото.
Нејзиниот корен за домородците со векови бил извор на сила и плодност. По освојувањето на Ј. Америка, Шпанците ја донеле мака во својата татковина, запознавајќи ја така и Европа со ова растение.
Извесно време интензивно се употребувала во шпанскиот кралски двор, за со текот на годините да исчезне знаењето за неа.
Во шеесеттите години од минатиот век , перуански, американски и германски истражувачи повторно му го открија на светот ова растение.
Денес е познато дека тајната на нејзиното дејствување се крие во бројот на активни супстанции, како што се масни киселини, алкалоиди, танини, стероли и глукозинолати, кои особено можат да влијаат врз плодноста и либидото.
Природен адаптоген
Научниците ја вбројуваат мака меѓу адаптогени – средства за подобро приспособување кон телото.
Како адаптоген, ја зголемува физичката издржливост и отпорност на стрес, анксиозност, траума и исцрпеност.
Редовното консумирање на мака му одговара на имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста на физички и ментални тешкотии.
Нејзината способност да ги препознае потребите на секој поединец и го донесоа прекарот „паметно растение”.
На пример, ако вашето тело произведува премногу малку од одреден хормон, мака ќе го подигне неговото производство. Спротивно на тоа, ако има премногу од одреден хормон, ќе го забави неговото создавање.
Коренот на мака содржи витамини Б1, Б2, Б12 и Ц, алкалоиди, микро и макро хранливи материи, јаглехидрати, протеини, влакна, масни киселини, фруктоза, скроб, танини, натриум, калиум, калциум, бакар, цинк, железо, манган, силициум и магнезиум.
Малкумина знаат дека мака е побогата со калциум од млекото, и затоа е моќна во борба против остеопорозата.
Како адаптоген, придонесува за целокупната благосостојба на организмот.
Калциумот, фосфорот, витамините Б1 и Б12 и масните киселини имаат благотворно влијание врз нервниот систем, го стимулираат апетитот и позитивно влијаат врз варењето на храната.
Стеролите, калциумот и витаминот Ц на мака помагаат да се изгради мускулната маса и да се подобри физичката издржливост. Затоа маката е еден од додатоците кои се користат од страна на многу врвни спортисти.
Maкa содржи четири единствени алкалоиди – макаина 1, 2, 3, 4 кои не се наоѓаат во било кои други растенија. Алкалоидите на мака помагаат во искористување на сите хранливи материи од мака кои на телото му се потребни.
Помага при менопауза и неплодност
Редовна доза на прав од корен од мака на жените им носи многу предности. Лекарите тврдат дека мака помага да се создаде и одржува хормонска рамнотежа.
Алтернативните лекари препорачуваат мака при хормонални нарушувања и проблеми со неплодност.
Maкa ги ублажува симптомите на менопауза – промени во расположението, топлотни удари, нарушувања при спиењето и слично.
Помага при проблеми со менструалниот циклус – болката и непријатностите со кој се соочуваат многу жени.
Го зајакнува либидото и потенцијата
Консумирањето на мака, покажаа истражувањата, има корисни ефекти при проблеми со плодноста кај мажите.
Според една студија од Универзитетот „Кајетано Хередиа“ во Перу , потврдено е дека мака има корисен ефект врз производството на сперма и зголемувањето на волуменот на сперма.
Maкa е ефикасна во лекување на проблемите со либидото и еректилна дисфункција, па затоа многумина ја нарекуваат и „природна вијагра”.
Покрај тоа, мака одговара за развојот на мускулите и топењето на масните наслаги.
Maкa ги носи следниве предности за здравјето :
– Ја зголемува нивото на енергија
– Ја балансира работата на хормоните
– Ги ублажува симптомите на менопаузата и ПМС
– Има позитивен ефект врз сексуалната енергија
– Помага при несоница и стрес
– Ја зголемува физичката издржливост
– Позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните садови
– Помага при неплодност
– Ја подобрува меморијата и концентрацијата
– Позитивно влијае на здравјето на коските и забите