Лекување на хиперхидроза (прекумерно потење) со ботокс

Хиперхидрозата (или профузно потење) е појава на прекумерно или засилено лачење на потните жлезди на различни делови на телото. Симптомите на засилено потење може да варираат кај разни особи. Кај некои лица потењето може да е толку силно, да предизвикува психолошки дисконфорт и непријатни козметички дефекти.

ancevski logo

Во медицината познати се неколку начини за лекување на прекумерното потење, но повеќето се со слаб ефект.

Инјектирање на определени дози ботулинов токсин (ботокс) во соодветната регија го намалува лачењето на потните жлезди. Дејството трае 5–10 месеци, во зависност од индивидуалната способност на организмот да го ресорбира ботоксот.

Како се аплицира ботоксот?

Се прави јоден тест кој ги оцртува зоните каде најмногу се лачи пот, под пазува, на дланките, на стапалата. Во регијата се инјектира неопходната доза на ботокс рамномерно распоредена. Количината зависи од регијата, а ја одредува дерматологот.

Дали има несакани ефекти?

Кога ќе се запазат сите правила од страна на дерматологот, процедурата е безболна и безопасна.

Кога се гледа ефектот?

Ефектот од ботоксот се гледа по неколку дена, кога би требало потењето да запре. Понекогаш е потребно додавање дополнителна количина на ботокс за да се постигне полн ефект. Треба да се напомене дека кај мал процент (околу 3%) од луѓето процедурата нема ефект.

Aneta-1

 

Д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматолог

Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“
Закажете третман: 02 / 321 66 08