Како со прехраната да го зголемиме HDL холестерол?
HDL холестеролот е важен бидејќи го спречува насобирањето на лошиот LDL холестерол на ѕидовите на крвните садови, па оттука неговата улога во заштитата на кардиоваскуларниот систем е голема. За жените е препорачана вредност над 1,2mmol/L а вредноста над 1,6 mmol/L има заштитно влијание на срцето.
Причина за низок HDL холестерол може да биде недоволната физичка активност, пушењето, гените, но секако и неправилната исхрана. За да го зголемите добриот холестерол, освен воведувањето на физичката активност, престанете да пушите и внимавајте при изборот на храната што ја внесувате во вашиот организам.
Бирајте цели продукти со низок гликемиски индекс, како што е свежото овошје и зеленчук, комплекси јагленохидрати богати со растителни влакна (грав, грашок, овез, јаболки,портокали, темнозелен зеленчук) итн.
Избегнувајте ги пецивата и пекарските производи, белото брашно, белиот шеќер и останатите рафинирани производи. Ограничете го внесот на индустриските преработки и производите богати со транс масти, слатки и грицки.
Одберете производи богати со омега-3-масни киселини, како што е скушата, орасите, лененото масло или омега-3-масните киселини земајте ги во форма на додатоци во исхраната. Употребувајте го често и маслиновото масло.
Бидете умерени со алкохолот, една чаша на ден црвено вино може да делува благотворно, но вишокот на алкохол ќе има спротивно дејство.