Диета со краставички … послаби за 5 килограми за една недела

Основниот принцип на диетата со краставички е многу едноставен – конзумација на свежи краставици во големи количини. Овој зеленчук е составен од вода (95%) и останатите 5% се растителни влакна. 2 килограми дневно ви даваат 1,9 кг вода, но не чувствувате глад во меѓувреме. Стомакот и цревата започнуваат подобро да работат. Сето тоа допринесува за подобрување на размената на материи, бидејќи во спротивно нарушувањето на овој процес води до излишни килограми.

Има неколку варијанти на диетата со краставички. Основна задача е зголемување на количината краставици, во идеалниот случај – 2 кг дневно. Можете да ги приготвите и како салати. Обидете се да не ги посолувате салатите, или пак многу малку и додавајте лимонов сок за подобар вкус. Освен тоа лимоновиот сок го активира процесот на разградување на мастите.

Можете да си направите и салата од краставици и домати. За ручек е дозволено парче варено пилешко месо 150 гр или пак риба на скара.

Навечер чаша кисело млеко. Во текот на денот можете да пиете чај и кафе без шеќер. Овошјето е исклучено освен лубеница.

Ова е екстремна диета, навистина многу брзо се слабее и затоа не смее да трае повеќе од 7 дена. Ако вашата цел е да намалите повеќе од 5 кг, тогаш направете пауза од една седмица и повторете го процесот. Се препорачува употреба на минерално-витамински додаток додека трае диетата.