Фантастичен пар кој ќе ве мотивира да направите нешто за вашето тело. Да ги збогатите вашите оброци со повеќе здрави продукти и да направите неколку утрински вежби како за почеток.
Frank Medrano и неговата девојка Antoniette Pacheco се пар кој секогаш вежбаат заедно во нивната омилена фитнес сала секогаш збогатувајќи го тренингот со нова и необична вежба .
Нивното мото е „Продолжи да вежбаш и кога ти е најтешко и кога се чувствуваш преморен“ бидејќи за одлична кондиција и убаво тело е потребно многу труд, а најважнa од се’ е упорноста.
Неверојатни вежби, неверојатни движења, големи тежини и невозможни фитнес акробации. Вежбаат секој ден , без пауза, без одмор, секогаш заедно и во друштво на нивната мала ќерка.