Вистинска радост за најмалите и гурманоско празнично уживање за повозрасните
За подготовка на овие јајца, потребно ви е:
- 350г. чоколадо
- 250г шеќер
- 2 жолчки
- лажичка црно кафе
- 100г путер
- 1 ванилин шеќер
- чококладо во прав
- чоколадни шарени украсни трошки
Чоколадото растопете го на пареа. Одвоено разматете жолчка со шекер, додајте путер, потоа кафе и чоколадо. Оставете да се олади. Обликувајте ги јајцата и посипете со чоколадото во прав и украсете со шарени или чоколадни украни трошки.