Можеби ја сакате лимонада и самиот лимон, но вашата кожа и коса го сакаат лимонот дури и повеќе – тие имаат неверојатен спектар на бенефиции за убавината. Тука се и некои големи придобивки за сончево жолтото овошје :
Крема за прочистување:
Се меша со неколку капки од кокосова вода со неколку капки сок од лимон. Кокосот ќе ја хидрира вашата кожа, а лимонот ќе ја расчисти и ќе ја направи блескава.
Исцелител на лактот и коленото :
“Ако вашиот лакот и колената се затемнат, едноставно протријте ги со половина лимон”, вели Патрис Колман, сопственик на DaBlot. “Тоа е како магија!”
Третман за акни и мозолчиња:
Можеби ви звучи премногу добро за да биде вистина, но затоа што лимоните се антибактериски, тие можат да помогнат во лекување на акни. Исечете само едно парче лимон и стиснете го сокот на вашето лице. Вашите акни и мозолчиња ќе почнат да исчезнуваат уште пред да знаете.
Тампони за чистење :
“Сакам да измешам неколку капки од лимон и етерични масла од чај во околу 6 унци на дестилирана вода. Јас го препорачувам како тонер или за употреба со памучни влошки како за чистење на проблематичната кожа”, вели Беки Штурм, основач на „StormSister Spatique“.
Избелувач на забите :
Измешајте сода бикарбона и лимонов сок и се нанесете на вашите заби. Потоа, искористете ја вашата четка да ги прочистите вашите заби и исплакнете ги. Тоа е далеку поевтин начин отколку да одите кај вашиот стоматолог.
Посјајна кожа :
Лимони се богати со витамин Ц и лимонска киселина, па тие можат да помогнат да и дадат сјај и да ја осветлат вашата кожа кога се користи веќе некое време. Витаминот Ц е одличен антиоксиданс за неутрализирање на слободните радикали и зголемување на производството на колаген, вели дерматологот Марина Передо. Тоа значи дека тоа може да помогне да исчезнат знаците на стареење, темни дамки или лажен тен. Не заборавајте да нанесете фактор против изгореници кога го користете сок од лимон на вашата кожа, иако, лимонот може да направи вашата кожа да биде почувствителна на УВ зраци.
Елиминатор на сјај :
Лимонот е одличен за намалување на вишокот на масло.
Пилинг на усните :
Ставете малку сок од лимон на твоите усни пред спиење, и измијте ги наутро за да ги отстраните мртвите кожни клетки и исушената кожа. Една забелешка : “Очигледно, ако веќе имате сериозно рани на усните кои имаат било какви исеченици, не се обидувајте со ова”, вели дерматологот Гери Голдфаден.
Зајакнувач на ноктите :
Дали сте користеле премногу гел маникири? Направете мешавина на вашите омилени масла за готвење (пробајте со маслиново масло) со лимонов сок и натопете ги вашите нокти. Ова е добра практика, доколку вашите нокти се суви и кршливи, но тоа е исто така одличен начин да ги поправите пожолтените нокти.
Осветлувач за коса :
Измешајте боја за коса со сок од лимон. Нанесете го пред да ја изложите вашата коса на сончева светлина, да постигне сончева боја. Сокот од лимон, исто така, може да помогне во лекување на сувиот скалп и првут, па затоа нанесувајте го во изобилство.