Сусамот спречува згрутчување на крвта, лечи хемороиди, мигрена и изгореници, го намалува нивото на лошиот холестерол и го олеснува празнењето на цревата. Сусамовото семе е едно од најчесто користените како додаток во исхраната, а маслото добиено од него е со многу висок квалитет, па често се користи како замена за маслиновото масло .
Ова растение се карактеризира со голем број на лековити својства. Семките содржат 50-60 проценти масло, олигоелементи бакар и калциум, во мали дози, манган, железо, витамини Е и Б1, како и смоли и горчливи супстанци кои му даваат специфичен вкус на овој зачин.
Сусамот содржи два различни видови на влакна – сесамин и сесамолин, кои докажано го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Сусамот е многу богат со фитостероли – супстанции кои имаат сличен хемиски состав како холестеролот – кој го прави ова растение идеално за негово спречување.
Познато е анти-коагулантното својство на овие корисни семиња, бидејќи тие придонесуваат за спречување на згрутчувањето на крвта, што е особено важно за спречување на појава на – тромб. Луѓето изложени на ризик, од формирање на тромб, треба да го користат маслото од сусам во нивната секојдневна исхрана.
Маслото од сусам покажува одлични лаксативни својства и се користи во случај на долгорочен запек и нередовна столица , за отстранување на цревни паразити и “чистење” на цревата. Ова масло исто така се користи и за лекување на хемороиди (придружени со крвавење и болка), како и за рехабилитација на повреди и промени на кожата, како што се брадавиците, чиреви, мозолчиња и изгореници.
Производите од сусам многу ефикасно дејствуваат на респираторните заболувања, како што се бронхитис, астма, пневмонија, и хронична кашлица. Во случај на тешка мигрена и силни главоболки со вртоглавица, се препорачува држење на топли облоги со сусамово масло.
Сусамот има репутација како моќен афродизијак. Во земјите каде што се одгледува врз основа на овој зачин се подготвуваат напитоци за потенција.
За нега на косата, спречување на првут и опаѓање на косата се користи инфузија од сусамово семе со која се плакне косата по миењето, а за оваа намена се користат и листовите и коренот на ова растение.
Против мигрена
Две лажици масло од сусам се мешаат со 10 капки етерично масло од бор и еукалиптус. Загрејте и добро промешајте за да се растворат состојките. Со ова масло натопете една крпа и ставете ја на главата. Одмарајте 30 минути .
Против запек
Измешајте една лажичка семки од тиква мелени во прав и 3 лажици млако масло од сусам. Мешајте се додека состојките не се соединат. Консумирајте веднаш на празен стомак, максимум два пати на ден, бидејќи подготовката има многу силно лаксативно дејство.
Јакнење на потенцијата
Измешајте семе од сусам и афион во иста количина, додадете еден мал износ на семе од коприва , кромид и моркови и една лажица шеќер. Смелете ги состојките во прав и добро измешајте ги. Растворете една лажичка од смесата во чаша вино и пијте полека.
За крвните садови
Иситнете една лажичка сусам и прелијте ја со една чаша црвено вино. Оставете да стои во текот на ноќта и процедете ја наутро, преку газа. Пијте го во текот на целиот ден, во мали голтки.
Против хемороиди
Сомелете една лажица сусамово семе, додадете 2 лажици вода и мешајте додека да добиете изедначена смеса. Додадете една лажичка путер и добро измешајте. Намачкајте на едно парче тост и изедете го. Помага во лекување на хемороиди.
Изгореници
Гответе 2 лажици сусамово семе со една чаша вода, оставете да врие неколку минути,а потоа исцедете го. Откако ќе се излади, натопете памук и поминете со него преку воспалените промени и изгореници на кожата, неколку пати на ден.
Респираторни инфекции и кашлица
Се прелива со чаша зовриена вода една лажичка сусам. Оставете да врие 2 минути . Во чајот додадете една лажичка лененово семе , половина лажичка сол и една лажица мед, потоа добро измешајте ги состојките, и поклопете. Откако ќе се излади, се цеди, се пие неколку голтки пред спиење. Ефективно во случај на респираторни заболувања и хронична кашлица.