Чајот, по водата е најконзумиран пијалок на светот. Освен вкусот, причина за тоа се’ и неговите својства кои го подобруваат здравјето.
Може да го намали ризикот од срцеви заболувања
Ако се пие чај три или повеќе пати на ден тој може да го намали ризикот од срцеви заболувања, најверојатно поради антиоксидансите, а некои научници велат дека и зелените и црните чаеви помагаат во превенција на артеросклерозата.
Може да ги намали туморите
Чајот содржи Flavanoid epigallacatechin gallate кој е одговорен за намалување на туморот во лабораториските испитувања на шкотските студии. Д-р Christine Dufes, главен ментор која го водела истражувањето, потврдила дека чајот ги намалувал туморите во повеќето случаи, а кај некои туморите во потполност исчезнувале.
Потенцијален лек за простата
Научниците открија метода со која со комбинација на злато и зелен чај ги убиваат ќелиите на ракот на простатата. Методите се објавени во Proceedings of the National Academy of Science, а исто така кажаа дека и кај глувците успеале да го намалат туморот во 30 одсто случаи. Чајот служи како носител на радиоактивни честички на злато кои потоа ги убиваат ќелиите на ракот на простатата.
Ја подобрува виталноста во постари години
Истражувањето направено на 14000 лица постари од 65 години, објавена во Американскиот дневник на нутриционисти, покажало како највиталните лица биле оние кои го пиеле зелениот чај. Со пиењето на зелен чај кај постарите лица ќе има помалку проблеми при некои активности, како капењето и облекувањето.
Го намалува крвниот притисок
Иако не можат да кажат точно која компонента од црниот чај тоа го прави, тој малку го намалува крвниот притисок, покажа една австралиска студија.
Го зајакнува имунитетот
Зелениот чај ги зголемува Т-ќелиите во телото кои се важни во имунолошкиот состав, но и ги ,,учи” ќелиите подобро да ги препознаваат бактериите и паразитите во телото.
Рехидрира
Иако содржи кофеин кој го дехидрира организмот, чајот успева да го рехидрира нашето тело.
Помага при слабеење
Некои истражувања сугерираат дека пиење на пет шољи чај дневно помага при губење на килограми, посебно во пределот на стомакот.