Дали ви е познато тоа чувство кога јадете, јадете, јадете, а сепак сте гладни?
Храната треба да го отстрани гладот, но одредени производи дејствуваат токму спротивно: прават да се чувствуваме уште погладно.
Ако планирате да држите диета или едноставно не сакате да се прејадувате, откријте која храна претставува најголема замка за вашиот желудник.
Помфрит
Вкусен додаток на многу јадења, може да го грицкате и сам со додаток на кечап. Но, и покрај тоа што ретко кој може да се воздржи од негово консумирање, овие јаглени хидрати се богати со скроб, па за кратко време ќе огладнете без разлика колку сте изеле.
Бели тестенини
Поради индустриската обработка , овие производи не содржат доволно хранливи состојки и влакна, па повеќе се сметат за концентрирана отколку за здрава храна. Тие спаѓаат во едноставните јаглени хидрати, кои го зголемуваат нивото на гликоза во крвта, поради што ќе чувствувате поголема глад.
Овошен јогурт
Одличен извор на калциум кој е добар за здравјето на коските. Но, доколку изедете од тој со вкус на овошје, во организмот ќе внесете многу повеќе шеќери отколку хранливи состојки.