Сите знаеме дека очите привлекуваат големо внимание, затоа е пожелно да знаете како да ги истакнете на вистински начин со помош на шминките.
Многу жени со ситни очи вложуваат голем труд за време на шминкањето со цел нивните очи да изгледаат покрупни. Доколку и вие сте едни од нив, откријте ги малите мејк-ап трикови и направете вашите очи да изгледаат покрупни.
Сенка за очи
Користете светли нијанси за очи, особено нанесете ги околу очите.
Трепки
Свиткајте ги трепките. Ова е уште еден трик со кој вашите очи може да изгледаат поголеми. Кога ќе ги свиткате трепките тие ќе бидат обликувани и ќе изгледаат покрупни.
Молив за очи
Моливот за очи ги прави очите долги и обликувани. Но, пред се, прво морате да препознаете на кој начин моливот за очи најдобро ќе изгледа на вашето лице, на горниот или долниот капак од очите.
Обликувајте ги веѓите по вашиот облик на лицето. Заоблените и истакнати веѓи изгледаат совршено, особено во комбинација со светла шминка.