Вкусна здрава и диетална, вашата омилена туна салата…најдобриот рецепт досега

Туна-салатата е вистинско уживање за непцето. Се подготвува брзо и пригодна е за свечената бадникова трпеза.

Тоа што треба да го набавите е – 1 голема конзерва туна, 1 краставица, 1 домат, 1 филџан варена пченка, 1 кромид, неколку маслинки, сок од лимон, 2 парчиња препечен леб, сол по вкус.

Зеленчукот исечкајте го на ситни парченца. И препечениот леб исечкајте го на многу ситни коцки и додадете го на помешаниот зеленчук. Потоа додадете ја  туната, а на крајот и варената пченка. Малку маслиново масло и сол по вкус и салатата е готова.

Се послужува со црвено вино.

Добар апетит !