Најголемите грешки кои ги правиме во сабота и недела … Искористете го последниот викенд од старата година максимално

Многумина од нас ги поминуваат работните денови чекајќи го викендот, но кога ќе дојдат сабота и недела, всушност не знаеме да ги искористиме на вистинскиот начин.

Начинот на кој ги поминуваме викендите кој теоретски би требало да биде посветен на одмор, често е контрапродуктивен. За време на овие два слободни дена би требало да го правиме тоа во што уживаме за да ги наполниме батериите за наредната недела. Но, многу често се случува токму за овие денови да станеме нервозни и депресивни поради насобраниот стрес. Доколку сакате за промена навистина да се одморите за време на викендите избегнувајте ги следниве најчести грешки.

1. Касно одите во кревет

Дружењето со пријателите и роднините за време на викендите може да ви ја наруши рутината на спиење која ја практикувате за време на останатите денови.

Ако останете будни до доцна во ноќта, па долго спиете следниот ден, тешко дека ќе можете да се вратите во нормален ред на спиење. Затоа, за подобро да го искористите викендот , пробајте подобро да го организирате своето време, така да одите на спиење и се будите во рок од еден час како и вообичаено.

2. Претерувате со храната

Викендот најчесто ви дава овозможува многу слободно време кое многумина го користат за уживање во храната и фините оброци, како и во пијалаците и десертите. Исклучувајќи ги викендите од планот за здрава исхрана ги попречувате сопствените напори кои ги вложувате во намалувањето на телесната тежина и нејзиното одржување, па резултатот на крај може да биде внесени вишок калории.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се на диета во текот на неделата, склони се да јадат повеќе преку викендите, со што го забавуваат метаболизмот и го отежнуваат слабеењето.

3.Останувате онлајн

Ако за време на викендите мобилниот телефон или лаптопот ви се постојано вклучени, тоа може да има низа негативни влијанија на здравјето, од намалена продуктивност и концентрација до проблеми со спиењето и поголемо ниво на стрес. Затоа секогаш одвојте одредено време во кое нема да бидете достапни. Пробајте да се ослободите од нив еден ден, попладне или еден час додека уживате во играта на отворено.

4. Проверување

Експертите советуваат дека треба за време на викендите колку можете повеќе да ги наполните батериите. Пред да седнете пред компјутер и да го поминете попладнето од саботата одговарајќи на мејловите, запомнете дека времето кое ќе го поминете опуштајќи се може да придонесе да бидете повеќе продуктивни.

5. Исполнување на обврските

Наместо да планирате да го реализирате долгиот список на задачи во сабота и недела, пробајте да поминете 30 минути секоја вечер за време на работните денови извршувајќи ги обврските како што се : перење алишта, чистење, пазарење. Така ќе имате време за викендот за поубави, релаксирачки активности. Поминувајќи го викендот работејќи ги домашните работи, сигурно ќе се изморите и повеќе отколку што планирате.

6.Фрустрации во недела

Може да биде тешко да ја избегнете неделната депресија кога знаете дека имате напорна работна недела пред себе, но тоа што можете е да престанете да мислите на тоа што ве чека. Повеќе од четвртина од вработените чувствуваат страв и загриженост ден пред враќањето на работа после слободните денови или викендот.

Кога ќе почувствувате дека ве обзема таква непријатна состојба дружете се луѓето кои ги сакате и со кои се чувствувате убаво, советуваат психолозите.