Што се антиоксиданси?

Често имаме можност да  слушнеме колку се важни антиоксидансите. Сепак, многу луѓе не знаат што се антиоксиданси. Затоа ние на наједноставен начин ќе ви објасниме што се антиоксидансите и колку се важни за здравјето на нашиот организам.

Како што самото име кажува, антиоксидансите се супстанции кои можат да спречат оштетување на нормалните ефекти од физиолошкиот процес на оксидација во ткивата. Aнтиоксидансите се хранливи материи (витамини и минерали), како и ензимите (протеини во телото кои учествуваат во хемиските реакции).

Имаат неверојатна заштитна улога против хроничните болести како што се : рак, срцеви заболувања, мозочен удар, Алцхајмерова болест, ревматоиден артритис и катаракта.

Оксидативниот стрес се јавува кога производството на штетните молекули на слободните радикали ќе ја надмине заштитната моќ на одбраната која ја обезбедуваат  антиоксидансите.

Слободните радикали се хемиски активни атоми или молекуларни фрагменти со недостаток или вишок на електрони.

Примери на слободни радикали се : супероксид анјон, хидроксил радикал, транзициони метали, како што се железото и бакарот, како и озонот.

Слободните радикали содржат кислород, а најпознати се т.н. реактивни  видови на кислород (ROS).

Бидејќи тие имаат еден или повеќе непарни електрони, слободните радикали се многу нестабилни. Тие одат низ телото за да даваат или да добијат електрони и на тој начин ги оштетуваат клетките, протеините и ДНК.

Истиот оксидативен процес исто така предизвикува распаѓање на ’рѓата, железото и расипување на маслото.

Невозможно е да се избегне штетата од слободните радикали, затоа што тие не се добиваат само од надвор, туку и до внатрешните процеси во телото.

Оксидантите се развиваат во нашите тела како нормално аеробно дишење, метаболизам и воспаление.

Надворешните слободните радикали доаѓаат од факторите на опкружувањето, како што се загадувањето, сончевата светлина, напорните вежби, рентгенските зраци, пушењето и алкохолот.

Нашите анти-оксиданс системи не се совршени, така што со стареењето се зголемува бројот на клетките кои се оштетени од оксидацијата.

Која храна е најбогата со антиоксиданси?

Бета-каротен и другите каротеноиди: спанаќ, сладок компир, кајсии, аспарагус, цвекло, брокола, диња, моркови, пченка, кељ, манго, праска, црвен грејпфрут, тиква, тиквици

Витамин Ц : пиперки во сите бои, јагоди, домати, зрнесто овошје, брокола, прокељ, диња, карфиол, грејпфрут, кељ, нектарини, портокали, папаја

Витамин Е : брокола, моркови, црвени пиперки, спанаќ, сенф, ореви, семки од сончоглед

Цинк : остриги, црвено месо, живина, мешунките, ореви, морска храна, млечни производи

Селен : Бразилски ореви, туна, говедско месо, месо од  живина

ЗА ШТО СЕ ДОБРИ?

Според сите истражувања, антиоксидансите се важен фактор на здравјето, а некои студии покажуваат дека може да бидат ефикасни во спречување на некои видови на рак и срцеви заболувања.

Витамините Ц и Е, како и цинкот и бета-каротинот може да го намалат ризикот од болести на очите.

Важно е да се запамети дека антиоксидансите не се “сребрен куршум” за сите закани на кои нашето тело е изложено. Во никој случај не би требало поради позитивните информации кои секојдневно ги добиваме за антиоксидансите, да паднете во искушение без совети на лекар да земате  различни додатоци.

Сепак, исхраната, секако, може да ја збогатите со овошје и зеленчук, бидејќи освен антиоксиданси, содржат растителни влакна, имаат малку калории и масти , а се вкусни.

Кликни за повеќе информации

ПРОДАЖНИ МЕСТА: Во сите аптеки на ЕУРОФАРМ и Марвик – Продавници за здрава храна.

НАРАЧКИ НА ТЕЛЕФОН: 02 3218 821