8 бесплатни третмани за подмладување на кожата

Третманите за подмладување како и соодветната козметика помагаат во одржувањето на свежиот изглед на лицето и телото. Но, доколку сакате да изгледате помладо и без нивната примена, откријте ги осумте едноставни навики кои ќе ве подмладат.

1. Редовен секс

Лицата кои имаат секс барем четири пати неделно изгледаат барем за 7 до 12 години помладо од своите врсници. Здравиот сексуален живот го поттикнува лачењето на хормонот за растење, кој кожата ја прави еластична и на тој начин кожата ја прави да изгледа помладо.

2. Храна богата со антиоксиданси

Редовното внесување на рибино масло и храна богата со антиоксиданси за само две недели можат видливо да ги намалат брчките.

3. Смејте се

За време на едно истражување во Германија, наушниците замолиле неколку жени и мажи да ги одредат годините од фотографиите на 170 лица. Се покажало дека најчесто погрешно ги проценувале насмеаните лица, тврдејќи дека се помлади отколку што се. Иако насмевката ќе направи неколку бори на вашето лице, ќе ве направи да изгледате помлади.

4. Грижете се за видот

Не замижувајте! Секој пат кога ќе замижете вашето око, под кожата се прави мала вдлабнатина. Како што поминуваат годините, а вашата кожа губи на еластичност, таканаречената „вдлабнатина“ доаѓа до израз и се претвора во длабоки бори. Еден од најдобрите совети за сите оние кои размислуваат за ботокс во триесеттите, е посета на офталмолог.

5. Физичка активност

Редовното вежбање може да влијае на вашата ДНК. Во едно истражување учество земале браќа близнаци, од кој едниот се занимавал со получасовна физичка активност секој ден. На крајот се покажало дека одредени негови делови од ДНК изгледаат и по десет години помладо од оние на брат му, кој воопшто не вежбал.

6. Повеќе сон

Спиењето, освен што ги отстранува подочниците, во голем дел делува и на вашиот изглед. Научниците од Кливленд докажаа дека кожата кај оние кои не можат да спијат, потешко се соочуваат со надворешните влијанија, како УВ-зрачење.

7. Заби

Со тек на време, забната обвивка станува потемна – а ако се потемни, тогаш ќе изгледате постари. Затоа, редовно мијте и четкајте ги забите барем два пати неделно.

8. Оставете ги цигарите

Секоја деценија со пушењето ќе изгледате две до три години постари. Имено, цигарите создаваат додатни бори на лицето, веѓите и под носот, како и спуштени образи и подочници.