Додека „куцате“ на тастатура не дишете !

Луѓето кои често куцаат на тастатура стануваат толку преокупирани со зборовите што престануваат да дишат, ова се резултати на најновите истражувања.

Таа преокупираност доведува до проширување на зениците, немирни нозе, прекумерно потење, вртоглавица и брзо чукање на срцето, објави британскиот весник Daily Mail.

Ако лицето често куца, тоа што следува е хроничен замор, суво грло, слаба меморија, пад на концентрацијата, главоболки, раздразливост, депресија, анксиозност, ниско либидо, па дури и импотенција.

Некои дури веруваат дека овие луѓе се подебели и склони кон дијабетес поради комбинацијата на држење на здивот во текот на денот и недостатокот на физичка активност, се наведува во весникот, а дека решението е правилното дишење во текот на куцањето.

Оваа состојба забележана e кај 80% од луѓето и е навика која луѓето со текот на времето ја имаат стекнато, а тоа е дека за време на куцањето посебно на некој посложен текст, дишат неправилно и нерамномерно, па тоа влијае лошо на здравјето.