Повремено вашиот живот на полето на бизнисот го обележуваат неочекувани искачувања и минливи стагнации, а тоа дополнително ја исцрпува вашата снага и креативна енергија. Бидејќи вие сте личност која води сметка и за материјалните интереси, тешко можете да се помирите со состојбата кога некој ја ограничува вашата потреба за работа или потреба за афирмација.
Грешките кои ја означија соработката со една личност или пропустите кои се појавиле поради лоша концентрација и недостаток од слух за компромисни решенија, сигурно нема да можат значително да го намалат вашиот оформен професионален углед. Во периодот до 16. Декември, важно е да го вложите својот максимум, за да ги остварите приоритетните цели и подобра положба меѓу соработниците.
На крајот на месецот ве очекуваат значајни подобрувања во финансиска смисла или дополнително покачување, како соодветна награда за вашето целосно залагање. Се почесто во љубовниот живот делувате заносно и задоволно, ви одговара вниманието што го добивате од саканата личност. Сакате да ги прецизирате своите чувства и да ги одредите своите емотивни очекувања. Имате доволно сила , само кога покрај вас се наоѓа лице со кое можете да ги поделите своите мисли, емоции и инспирација. Знаците на внимание или нежност кои ги покажува вашиот љубовен партнер внесуваат чувство на блискост во вашиот заеднички живот. Доколку сте млади или слободни, имате прекрасна можност да реализирате бројни емотивни контакти или нова љубовна романса во согласност со својата визија. Во периодот од 12.Декември , ве очекуваат нови љубовни контакти и необична љубовна можност. Љубовната романса понекогаш е чудна, но без взаемна размена на искрени чувства ја губи својата вредност и значење.
ПРЕДЛОГ
Присуството на Сонцето и Меркур во четврто поле , покрај поволното влијание на Венера во вашето петто поле, донесуваат задоволство во семејството и љубовта. Поттикнати сте на разновидни емотивни реакции, но и на ново сознание и потреба од лично усовршување на различни нивоа. Посебни привилегии, среќа и успех ви донесува поволното влијание на
Марс, Сатурн, Плутон и СМЧ, важно е правилно да се ориентирате кон долгорочните цели. На крајот на месецот ве очекува хармоничен живот и емотивна поддршка. Планирајте некое посебно патување кое долго ќе го паметите по необичните доживувања.