На голем број портали на јужнословенските јазици се појавија рецепти и објаснувања за чудотворната „Саси“ вода која овозможува големо губење на телесната тежина исклучиво со нејзиното консумирање. Во продолжение ќе ви разјасниме што претставува „Саси“ водата, како се подготвува и која е нејзината намена. Еве го нејзиниот рецепт.
Состојки:
- 2л свежа вода
- 1 лажичка тазе изрендан ѓумбир ( или ѓумбир во прав )
- 1 краставица со средна големина
- 1 лимон
- 12 свежи листови мента ( нане )
Начин на подготовка:
Прво добро измијте го лимонот и краставицата, исечете ги на многу тенки парчиња и потопете ги во вода. Потоа додадете ги листовите од мента и ѓумбирот. Затворете го садот и оставете го да стои во фрижидер во текот на ноќта, така состојките би ги ослободиле соковите во водата. Испијте го целосно во текот на наредниот ден. Навечер подгответе нова доза со свежи состојки за следниот ден.
„Саси“ водата е осмислена како дел од диеталниот програм под името „Диета за рамен стомак“ (The Flat Belly Diet). Развиена е од страна на списанието Prevention.com и Синтија Сас, експерт – нутриционист, по кој го добил името овој пијалак. Диетата и програмот нудат симнување на 8 килограми за 28 дена. Таа започнува со четиридневно консумирање на споменатата „Саси“ вода, која служи за детоксификација на организмот, подобрување на варењето и припрема на организмот за намалено внесување калории во наредниот еден месец. Основата на целата диета е да базирана на намалениот дневен внос на калории на 1600 ( нормална потреба на ден изнесува 2000-2500 калории ). Диетата се состои од користење на храна базирана на Медитеранската кујна со многу житарки, овошје, зеленчук, семе и со многу малку црвено месо. Клучот на успехот на оваа диета, по зборовите на креаторот, е намаленото внесување калории и користење на монозаситени маснотии во сите оброци кои се обично исфрлени од стандардните диети. Монозаситените маснотии може да ги најдете во јаткастите плодови, маслинките, семки, црно чоколадо, во масло од ленено семе, од тиква и маслиново масло итн.
Ние како страница не промовираме диети, ниту навлегуваме во детали кои можете да ги најдете на други места. Оваа „Саси“ вода секако може да ви ја препорачаме како чистач на организмот и помага при варењето и хидратацијата. Користете ја секојдневно наместо обична вода како добар детоксификатор на организмот.