Принципот на Паре 80:20, кој вели дека 80 % од резултатите доаѓаат од 20 % од примероците, можат да се применат и на начинот на исхрана. Тогаш тоа гласи вака : Осумдесет одсто од времето јадете здрава храна, а останатите дваесет, залажувајте се!
Признати нутриционисти и тренери сметаат дека ваквиот начин на исхрана дава позитивни резултати, па затоа ги препорачуваат на своите клиенти, познатите ѕвезди. Ова се само некои од нив кои со задоволство се придржуваат на оваа диета и ја препорачуваат на сите.
Кели Роуланд
Поранешната ѕвезда на групата „Destiny’s Child“ и судијка во шоуто „Фактор Х“ вели дека нејзиниот тренер Џенет, ја научила на многу работи кои влијаат на здравјето и вежбањето, како и дека е заслужна што Кели се храни по принципот 80:20. Како некој што сака се што содржи шеќер, Кели Роуланд го обожува овој режим на исхрана и особено го цени времето кога колачите и коктелите ќе дојдат на ред. Остатокот од својата исхрана таа го надополнува со зелена храна.
Џесика Алба
Личниот тренер на Џесика Алба, Џејми Ли (Jamie Lee), и го препорачала овој режим на исхрана поради одржување на здрава и витка линија. Причина за тоа е што Џесика имала проблеми со исхраната во младоста, но и по породувањето. Таа вели дека никој не може да биде 100 % на принцип на здрава исхрана и дека луѓето едноставно прават грешки, но затоа можат да бидат на 80 % од времето на тој принцип. Џејми препорачува исхрана со помали, но чести оброци во текот на денот за да ги поднесете полесно оние 80 %.
Миранда Кер
Овој супер-модел е најголем заговарач на принципот 80:20. Миранда Кер вели дека овој принцип на исхрана, и помогнал да развие здрав однос кон храната. Таа ужива во храната и не чувствува вина доколку јаде нешто од „црната листа“, бидејќи сето тоа е дел од планот! Сепак, Миранда истакнува дека истрајноста и умереноста се клучеви на успехот, без која ниедна диета не би успеала.