Кафето го продолжува животот

Обемното истражување на шпанските научници, чии резултати се објавени во списанието „Аналите на меѓународната медицина“, покажало дека конзумирањето до шест шолји не влијаат толку негативно на здравјето, згора на тоа, го намалува ризикот од настанување на многу пореметувања во организмот и спречува компликации предизвикани од некои болести.

Во текот на изминатите 25 години следени се здравствените состојби и животни навики на учесниците на една студија (42000 мажи и два пати повеќе жени), кои секоја година пополнувале прашалник за навиките на исхрана, вклучувајќи конзумирање на кафе и цигари.

Се дошло до заклучок дека жените кои пиеле по две до три шољички од овој пијалок секој ден, биле помалку изложени на ризик  од смрт, предизвикана од срцеви заболувања, додека опасноста од фатален крај поради други болести (со исклучок на карциномот) е помала за 18 %. Кај мажите кои пијат по три шољички кафе на ден , не е забележан ни помал, ни поголем ризик од смрт во однос на оние кои не ја конзумираат.

Истражувачите сметаат дека поволното дејство на омилениот напиток не може да му се препише на кофеинот, бидејќи учесниците кои пиеја без кофеин, имале исто така подолг животен век, па се верува дека позитивниот учинок е последица на делување на силни антиоксиданси кои го содржат ова ароматично зрно.