Јаболките ги штитат жените од инфаркт

Две јаболки дневно ги штитат жените од кардиоваскуларни болести.
Јаболките се драгоцено овошје во зачувувањето на здравјето.

Ова овошје значително го намалува нивото на маснотии во крвта, што е посебно забележливо кај жените кои ја поминале менопаузата, кои спаѓаат во ризичната група за добивање на инфаркт и  мозочен удар.
Редовното конзумирање на јаболки во текот на шест месеци дава одлични резултати во зачувување на кардиоваскуларното здравје, после овој период нивото на холестерол се намалува за 25 посто, и тоа особено лошиот холоестерол кој е одговорен за создавање на грутки во крвта и запушувањето на артериите.