Што можеме да научиме од навиките на исхраната на мажите

Иако е познато дека мажите не размислуваат за хранливите вредности на производите, не ги собираат калориите и сешто нарекуваат храна, од нив сепак може да се научат некои практични навики.

Мажите не се луди по слатките

Искуството покажува дека жените чувствуваат потреба од слатки поради утеха, додека машките генерално се одлучуваат за месо. Тоа и не е така лошо. Протеините од посното месо даваат чувство на ситост, додека слатките предизвикуваат нагло покачување, а потоа и намалување на нивото на шеќерот во крвта (енергија),а тоа брзо ќе предизвика глад.

Мажите не страдаат од „амнезија“ на храна

Мажите вообичаено јадат помалку за ручек, доколку земале нешто за претпладневна ужина. Од друга страна жените „забораваат“што јаделе пред главниот оброк и затоа не го компензираат тоа што го изгрицкале. Значи, следниот пат кога ќе  седнете  поради главниот оброк, сетете што сте изеле во текот на денот.

Мажите ја одвојуваат храната од емоциите

Колку пати до сега ви се случило после лошиот ден на работа да посегнете за храна? Истражувањата покажуваат дека жените многу почесто од мажите бараат утеха во слатката и мрсна храна после стресни периоди. Затоа, кога следниот пат ќе посегнете по бисквитите , тргнете и излезете во истиот момент да шетате.

Мажите не се нервираат поради калоричен „излет“

По овој „престап“, жените го смируваат чувството на вина (каков парадокс) со ново прејадување. Но, мажите, без многу размислување и каење, се враќаат на старите, здрави навики во исхраната. Затоа, премостете ја оваа разлика меѓу половите и понастрана од слатките!