Домашен сок кој ја намалува надуеноста на стомакот

Доколку често страдате од стомачна надуеност, гасови и подригнување, ви предлагаме природен сок  кој може да ви биде решение за овој проблем.

Потребни состојки:

  • половина помал ананас
  • половина глава или 2 стебленца од анасон
  • 2 Стебленца целер со лисја
  • Дел од корен од ѓумбир  2-3 см

Ананасот содржи ензими кои помагаат во варењето на храната. Целерот го спречува задржувањето на вода и го превенира  подригнувањето. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обновување на цревната флора. Сè заедно, комбинација што ќе може да го реши надуениот стомак и дигестивните проблеми.

Пијте на празен желудник колку што е потребно додека симптомите не исчезнат.