Витамин Ц, најдобра заштита од сезонските настинки

Иако веќе со децении се вбројува меѓу главните борци против настинките и грипот, витаминот Ц игра скоро безначајна улога во јакнењето на им унитетот, покажуваат новите истражувања.

Во истражувањето на меѓународната здравствена организација учествувале повеќе од 11.000 учесници. Дел од нив конзумирал плацебо, а преостанатите употребувале најмалку 0,2 гр Витамин Ц на ден.

Индивидуите кои земале поголеми количини на витамин Ц кога биле настинати, не приметиле никаква разлика во траењето и интензитетот на болеста. Учесниците кои земале витамин Ц пред да се разболат, траењето на болеста се намалило во просек за помалку од еден ден.

Претставниците на истражувањето потсетиле дека некои прехрамбени производи содржат и до еден грам на витамин Ц, што е десет пати повеќе од препорачаната доза. Поради фактот што нашето тело не може да апсорбира толку големи количини, витаминот Ц се излачува преку урината неколку часови подоцна.

Организмот превзема витамин Ц онолку колку што му е потребно за 24 часа, а остатокот се излачува. Исто така, претставниците на истражувањето нагласиле дека преголемите количини на витамин Ц може да предизвикаат проливи.