Домашна лековита супа против дијареа

Дијареата се јавува како последица на пореметување на цревната перисталтика. Може да биде предизвикана од многу причинители, a најчесто кај здравите луѓе, дијареата се јавува како последица од погрешната исхрана. Исто така може да се јави и како последица на стомачен вирус или како симптом на други заболувања. 

Сепак секој од нас понекогаш се наоѓа во ваква ситуација и често бара брзо природно решение. Има многу рецепти против дијареа, ние денеска ќе ви презентираме супа, која според многумина помага за стабилизирање на цревната перисталтика.

Пред да започнеме со рецептот ќе напоменеме:

– Крвава дијареа е алармантна состојба, тогаш не треба да се прават домашни рецепти туку веднаш треба да се консултира лекар

– Доколку дијареата не престанува повеќе од 4-5 дена веднаш јавете се на лекар

– Внесувајте многу течности во текот на денот

Потребни состојки:

  • 250 грама вода
  • 2-3 компира (во зависност од големината)
  • 1 морков
  • малку сол

Подготовка

Излупете го компирот и исчистете го морковот. Исецкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во водата. После дваесетина минути тргнете ги од оган, односно период колку што е потребно компирот и морковот да омекнат. Потоа со миксер изматете ги заедно, посолете ги и можете да ги конзумирате