Чајот од камилица ги спречува здраствените проблеми предизвикани од дијабетес

Дневното консумирање на чај од камилица во комбинација со оброци од здрава храна, може да помогне во пспречување на компликациите предизвикани од дијабетес, утврдиле истражувачите од Јапонија и Велика Британија.

Сознанијата се базираат на експерименти во кои екстракти од камилица им биле давани на стаорци заболени од дијабетес во период од 21 ден. Стаорците кои добивале додаток од камилица покажале значително намалување на нивото на глукоза во крвта.

Екстрактот исто така се покажал како ефикасен во инхибирање на некои ензими поврзани со развој на компликации од дијабетес. Некои од компликациите од дијабетес, се и губењето на видот и оштетувања на нервите и бубрезите.