По депилирањето и бричењето на кожата во интимната зона на телото не ретко се случува новите влакна наместо да израснат право, да започнат да растат под самата кожа. Иако овие враснати влакна изгледаат како безопасни мозолчиња понекогаш може да предизвикаат мошне сериозни компликации кои резултираат со медицинска интервенција.
Хроничните случаи на поткожни влакна може да предизвикаат:
- Бактериска инфекција
- Потемнување на кожата
- Трајни лузни
Најголемата опасност се разбира се крие во бактериските инфекции поради кои малото мозолче започнува да расте и да се шири. Најчесто станува збор за стафилококна инфекција која што настанува како резултат на навлегување на бактеријата во кожата преку мала исеченица направена при бричење, депилација или обид на отстранување на поткожно влакно. Притоа мозолчето станува гноен чир кој доколку навремено не се отстрани може да се пошири, па дури и да предизвика труење на крвта.
Како да ги избегнете поткожните влакна?
- Пред бричење и депилација исчистете ја кожата од мртви клетки користејќи нежен скроб. Тоа ќе овозможи подобро и почисто отстранување на влакната. Доколку се бричите направете го тоа неколку минути откако сте се туширале, не веднаш бидејќи топлата вода и пареата ги омекнуваат влакната.
- Користете нови бричеви затоа што старите стануваат тапи и може да ја вовлечат бактеријата во свежо бричената кожа. Ако сте од оние кои постојано се исфрлуваат по бричењето можеби ова е вистинското време да се обидете со некој друг начин на отстранување на влакната.
- Внимавајте на техниката и притисокот при бричењето. Додека го движите бричот не притискајте премногу бидејќи на тој начин отстранувате површински дел од кожата. Бричете во насока на растењето на влакната, наместо во спротивниот правец за да ја избегнете иритацијата и создавањето на мозолчиња. Обидете се едно исто место повеќе пати да не го поминувате со бричот затоа што секое поминување отстранува нов слој на кожни клетки.
- Кога одите во салон за депилација осигурајте се дека восокот кој што ќе биде нанесен на вас, не е претопуван по неколку пати, туку е посебно пакување наменето само за вас.
Како да се справите со веќепостоечко поткожно влакно?
- На местото на кое што се наоѓа влакното ставете крпа со топла вода во времетраење од 5 минути или пак влезете под топол туш. Другата опција е во кадата полна со вода да ставите сол и да почекате десетина минути. Откако ќе го направите тоа убаво исушете ја кожата и пристапете кон следниот чекор.
- Ќе ви бидат потребни стерилизирана пинцета за поткожни влакна, памук и раствор од салицилна киселина кој најчесто се користи за акни. Измијте ги рацете и со два прста стиснете го мозолчето, додека со другата рака го остраните влакното со помош на пинцетата. Потоа поминете го местото со памук натопен во киселината. Оставете да се исуши само од себе. По ова неколку пати во текот на денот нанесувајте од киселината и нозете исклучиво памучна долна облека.
- Во случај поткожното влакно кое го имате на интимната зона да е преголемо и да чувствувате болка, не колебајте се и веднаш одете на лекар со цел да спречите понатамошна инфекција.