Кафето ги штити мажите од рак на простата

Мажите кои што редовно консумираат кафе имаат помала веројатност да заболат од агресивната форма на рак на простата, велат истражувачите од Харвард.

Тие спровеле студија која што вклучила 48 000 мажи кои што доставиле податоци за навиките за пиење кафе во периодот од 1986 до 2008-ма година. Кај 5 035 мажи бил дијагностициран рак на простата, додека 642 починале или развиле напредна форма на болеста.

Студијата е објавена во Journal of the National Cancer Institute, каде што се вели дека мажите кои што пиеле шест или повеќе шолји кафе во текот на денот имале за 20% помала веројатност да заболат од рак на простата. Исто така, оние што консумирале кафе во големи количини имале за 60% помали шанси да ја развијат смртоносната форма на болеста.

Интересно е тоа што поврзаноста не се должи на внесувањето на кофеинот, поради тоа што и кај мажите кои што пиеле декофеинизирано кафе, ризикот се намалил.

Dr Kathryn Wilson, водач на истражувањето вели дека моментално сеуште не се јасни ризик факторите кои што можат да се контролираат или променат со цел да се намали ризикот од леталната форма на ракот на простата. Ако тврдењата на оваа студија се докажат, кафето може да стане фактор кој што ќе се модификува со цел да се намали ризикот за развивање на смртоносната форма на болеста.