Вообичаено е на малите деца да им се дава цврста храна пред да наполнат две години. Но, изборот на храната и начинот на даање на истата може да претставува тешка задача.
Американската академија за исхрана препорачува следење на следниве совети:
- Не му давајте цврста храна на бебето пред шестиот месец.
- На детето не му давајте цврста храна, се додека тоа не започне да и обрнува внимание и не биде подготвено да ја јаде.
- Дозволете му на детето да ја допира и анализира храната пред да започне да ја јаде.
- Хранете го детето на комфорно место. Не го брзајте и немојте преспоро да го храните.
- Охрабрувајте го да започне самото да јаде користејќи ги рацете кога ќе покаже интерес за тоа.
- Запрете со хранењето кога детето ќе покаже знак дека е најадено, како што е на пример, вртењето на главата.