Највкусните закуски за цврсти раце, тенки нозе и затегнат задник

Цврсти раце, тенки нозе, затегнати задници – следниве закуски ќе ви помогнат да го завршите добриот тренинг.

Сушени смокви

Му даваат на организмот доволна енергија и се препорачува да се земат пред тренинг. Освен тоа содржат големо количество на калиум- битен минерал во процесот на  забрзување при регенерација на организмот.

Бадеми

Бадемите се богати со алфа – токоферол во форма на витамин Е што телото го апсорбира најбрзо. Тој витамин има антиоксидативно дејство и го спречува оштетувањето на клетките после тренингот. Изедете барем една рака бадеми во текот на денот.

Црно чоколадо

Содржи флавонол кој припаѓа на групата растителни супстанци корисни за здравјето. Исто така го поттикнуваат крвотокот и ја подобруваат циркулацијата

Банани

Поради големото количество на калиум што го содржи бананата, нема да имате грчеви во мускулите. Освен тоа, големото количество на јагленохидрати кои е присутно во бананите им дава дополнителна енергија на мускулите.