Чоколадната торта за појадок или некое слично благо, верувале или не, може да ви помогне да ги согорите побрзо калориите, тврдат научниците.
Имено, избегнувањето на благи работи може да предизвика психолошка зависност, односно состојба во која постојано копнееме по благо.
Но, некои истражувања покажале дека доколку јадеме нешто чоколадно за појадок, како на пример добра чоколадна торта, тоа ќе ни ја спречи желбата за благо во текот на денот и ќе ни ни помогне побрзо да се ослободиме од несаканите килограми.
Јадењето благо за појадок, ќе ни помогне да ги смалиме килограмите и да ја одржиме тежината на подолги стази, тврдат истражувачите од Универзитетот Тел Авив.
Долгорочното избегнување на благи работи може да создаде психолошка завист од оваа храна, а утринскиот десерт може да го контролира апетито во текот на денот. Освен тоа, наутро метаболизмот е најактивен и најбрз, па така слаткиот десерт лесно ќе се разгради, пренесува Дејли Меил.