Конзумирањето на храна како што е целерот и магдоносот, кои содржат природен флавоноид апигенин, може да спречи леукемија, заклучиле холанските научници од Универзитетот во Гронинген.
Според зборовите на Maikela Pepelenbosh, еден од учесниците во истражувањето, тестовите покажале дека апигенинот – инаку вообичаена состојка во овошјето и зеленчукот – е во состојба да го прекине развојот на два вида на леукемични клетки и да ги намали шансите за нивно опстојување.
Од друга страна, пак, тимот утврдил дека апигенинот може и да ги намали позитивните ефекти на хемотерапијата кај луѓе кај кои леукемијата е веќе утврдена. Флавоноидите се соединенија со антиоксидантни својства, кои ја штитат клетката од оштетувањето што го предизвикуваат молекулите на кислород.
Некои претходни истражувања покажале дека апигенинот, кој го има во целерот, магдоносот, црното вино, сокот од домат и во разни други билки, може да биде корисен во превенцијата на ракот на јајниците.