Медот и циметот доколку се употребуваат посебно имаат своја лековита моќ, а како мешавина мед и цимет е вистински еликсир за здравје и догловечност.
Научните истражувања направени ширум светот, пакажуваат дека медот во комбинација со циметот имаат фантастична лековита моќ како регенерација на организмот, зголемување на отпорноста на организмот, јакнење на имунитетот и др.
Во продолжение следат неколку рецепти за лечење со мед и цимет објавени од канадското научно списание Weekly World News.
За јакнење на имунитетот
Мешавина од мед и цимет: со редовна употреба го јакне имунитетот, го штити организмот од вируси и бактерии.
За варење на храната
Конзумирањето на медот ги зголемува белите крвни клетки во бробра против сите болести, а циметот во комбинација со медот го регулира варењето на храната. Затоа пред јадење потребно е да се земе две лажици мешавина мед и цимет за полесно варење на храната.
За долговечност
Го продолжува животниот век, и дава свежина на кожата и го забавува процесот на стареење.
Една лажица цимет и четири лажици мед во еден филџан вода. Поделете го на четири дела и пијте го во текот на целиот ден.
Запаление на зглобови (артритис)
Наутро и навечер по еден филџан топла вода во која е измешана добро една мала лажица цимет и две големи лажици мед. Долготрајна терапија може да доведе и до целосно лечење на артритисот.
Против ќелавост
Во врело маслиново улје да се измеша една голема лажица мед и една мала цимет. Оваа смеса да се втрие во коренот на косата и да се остави да делува 15 мин. За неколку дена коренот на косата ќе зајакне, а косата ќе престане да паѓа.
Настинка
Редовна употреба на мед и цимет ја смалува можноста за настинка и инфекции на бешиката. Во една голема супена лажица замлачен мед да се стави четвртина мала кесичка цимет. Да се зема три пати дневно и настинката ќе исчезне.
Инфекција на бешика
Да се измешаат две супени лажици цимет и една мала лажица мед во 2 dl замлачена вода и да се испие. Оваа мешавина ја прочистува бешиката и ги уништува бактериите.
Срце, нервоза, болки во стомак
Мед и цимет за појадок. Доколку редовно се јаде за појадок мед и цимет намачкани на леб, има благопријатно влијание на нервниот систем, стомакот.
Против замор
Една половина супена лажица мед и ¼ мала кесичка цимет да се измешаат во 2 dl вода. Да се пие наутро на празен стомак и попладне во текот на една недела, за енергија и виталност на организмот.
Мозолчиња и инфекции на кожата
Докажана е дека медот и циметот можат да го спречат создавањето на лишаи, екземи и други инфекции на кожата. Против акни, да се измешаат три големи супени лажици мед и една мала кесичка цимет. Да се нанесува на третираните места пред спиење.
За слабеење
Можеби малку чудно звучи, но медот и циметот можат да помогнат при слабеење. Мешавина од мед и цимет извриена во една чаша вода, не дозволува маснотиите да се таложат во организмот. Затоа потребно е да се пие два пати дневно по една чаша од овој напиток, наутро пола час пред јадење и навечер пола час пред спиење.