Магдоносот е пожелна намирница за секоја жена. Чајот од магдонос е одличен за губење на вишокот килограми, а исто така успешно го регулира и нередовниот месечен циклус.
Долгите студии и експерименти докажаа дека со консумирањето на чајот од магдонос се намалуваат болките. Со него се топат мастите, се намалува високиот крвен притисок, а исто така и се регулира месечниот циклус. Се препорачува да го пиете и доколку немате никаков здравствен проблем, бидејќи тој одлично го прочистува телото од токсини.
Чајот од магдонос може многу да ви помогне ако сте една од жените кои имаат цисти. Направете чај така што ќе измешате една лажица мешавина од корен и листови од магдонос во една шолја врела вода. Од овој чај пијте три пати во денот.