Здравје во една шолја црн чај

Црниот чај има историја од 5000 години во Кина. Kaj Кинезите , црниот чај се појавува како пост-ферментирани чаеви, како што е Pu-Erh, преставувајќи национално богатство во Кина.

Додека зелениот чај го губи својот вкус со стоење, црниот чај го задржува со години. Уште за време на Танг династијата, црниот чај потопен во топла вода, бил познат како еден од актуелните пијалоци.

Црниот чај потекнува од родот Camellia sinensia, растение кое расте на поднебјето на Јужна Азија.
Според студијата во 2006 година од University College London, црниот чај исто така има ефект врз нивоата на стрес хормоните во телото. Во студијата, 75 млади мажи, постојани консументи на црн чај, биле сепарирани во две групи и следени во текот на шест недели. На едната група, т.е контролната, и било давано да конзумира кофеинирачко плацебо, одвоено од активните состојки на чајот. На другата група и било давано овошен кофеинизирачки микс, направен од просечните конституенти на црниот чај. Кога двете групи биле испитани оддеднаш, кај групата која земала микс од чајот било најдено редуцирано ниво на кортизол во просек од 47%.