Трајно намалување на целулитот со јаболки, вода & чаеви

Борбата со целулит треба да се започне без оптеретување – наместо секојдневно анализирање на кожата, менувајте ги навиките со што со тек на времето ќе покажете видливи резултати. Целулитот е најнезгоден непријател на женската фигура, а за да се ослободите засекогаш од него, применете некои од советите кои ги издвојуваме во понатамошниот текст:

Сонцето го истакнува целулитот

Сончањето може прилично да го истакне целулитот, предупредуваат стручњаците. Само четири минути изложување на силна сончева светлина предизвикува пропаѓање на еластичните и колагенските влакна на кожата, а истата започнува да се истенчува и целулитот постанува видлив.

Едно јаболко на ден

Јаболкото содржи витамини, минерали и влакна кои ја регулираат дигестијата, а го зголемуваат и излачувањето на урината. Пектинот во јаболкото е лесно растворлив во вода, и со неговото бабрење ги заробува молекулите на холестеролот на тој начин исфрлувајчи ги од организмот.

Шеќерот е непријател

Шеќерот, тврдат стручњаците, го стврднува колагенот и ги потиснува колагенските влакна кон површината на кожата. Маснотиите така постануваат видливи. Покрај тоа, шеќрот ја забавува циркулацијата. Затоа одбегнувајте храна богата со шеќер.

Вода и растителни чаеви

Без вода нема ни отстранување на целулитот. Литар вода и растителни чаеви треба да бидат на Вашето мени секојдневно. Наутро испијте една чаша млака вода со свежо исцеден лимон.

Комбиниран туш

Стручњаците препорачуваат наизменично ладно-топол туш за почеток на денот. Таквото туширање ја потикнува циркулацијата и го забзува протокот на лимфата.